Неслободата и малите плати се главната причина што луѓето бегаат од Балканот, пишува австискиот весник „Der Standard“. Според нивната анализа, животниот стандард пред 30 години во овие земји бил многу поголем.
Најдраматична е состојбата во Хрватска каде досега се иселени 14 отсто од населението.Ова се поразителни бројки ако се знае дека европскиот стандард е 3,8 проценти.
Неколку автобуси дневно од Хрватска, посебно од Славонија ја напуштаат земјата и одат да работат и живеат најчесто во Германија.
Влезот во ЕУ и можноста слободно да патуваат и престојуваат само го зголемил егзодусот, пишува весникот.
Comments are closed for this post.