Новиот премиер на Србија ќе се всели во куќата во која до смртта во 2013 година живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка.

Ова го најави актуелната премиерка Ана Бранабиќ која смета дека државата не смеела да дозволи таков објекет да се распаѓа.

Три години овој објект е под клуч, а по тоа како изгледа, може да се заклучи дека за оваа куќа никој не се грижи. Во неа и натаму се наоѓаат лични работи и гардероба на сопругата на последниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито