„Гласаме на слепо за Преспанскиот договор, без текстот на ревидираниот устав на Скопје“, е главниот аргумент на опозициската Нова демократија во дебатата на пленарната седница на грчкиот парламент.
Пратениците Никос Дендиас од НД и Андреас Ловердос од Демократски граѓани инсистираат да се објави целиот текст на Уставот, заедно со амандманите.
Заменикот министер за надворешни работи, Џорџ Катругалос објасни дека на пратениците им го доставил постојниот, односно стариот устав на соседот кој го симнал од собраниската веб страница, затоа што „изменетиот устав во моментов не постои“.
Тој објасни дека „Скопје ја нема завршено уставната ревизија затоа што чекаат на ратификација од грчкиот парламент“.
„Тие целосно ја завршија нивната работа согласно обврските од Договорот. Доколку ние не ја завршиме нашата обврска, тие нема да продолжат со нивната, тоа е согласно договорот“, објасни Катругалос.
Дебатата дојде до точка на инцидент, кога Дендиас побара расправата да се прекине, затоа што не е исполнет условот да се види ревидираниот устав, но мнозинството тоа го отфрли.
Comments are closed for this post.