Серијата земјотреси кои го зафатија Закинтос продолжуваат и вечерва. Во 20 часот и 21 минута по локално време регистиран е нов земјотрес со јачина од 4.4 степени.
Афтршокот следува по силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала кој беше регистриран синоќа, околу два часот по полноќ. Епицентарот на земјотресот бил на 44 км. југо-југозападно од Закинтос. Предизвикана е материјална штета, особено на постари објекти и споменици на културата. Според властите, три лица биле хоспитализирани со помали повреди.
Островот беше без електрична струја неколку часа. Градоначалникот на Закинтос, Павлос Колокоцас изјави дека училиштата ќе бидат затворени. Грчките власти првично издадоа предупредување за цунами, но подоцна го повлекоа алармот.
Comments are closed for this post.