Нов земјотрес беше почувствуван утрово околу 7:50 часот во областа на Петриња во Хрватска и околината, а беше доста почувствуван и во Загреб, пренесува Индекс.
Сеизмолошкиот завод објави дека бил 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Утрово, на 4 јануари 2021 година, во 7 часот и 49 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес со епицентар кај Петриња. Јачината на земјотресот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од V-VI степен на ЕМС-скалата. Земјотресот се почувствува во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба.
Разорен земјотрес ја погоди Хрватска на 29 декември, а најмногу страдаа Петриња, Глина и Сисак.
Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала тогаш загинаа седум лица, меѓу кои и дванаесетгодишно девојче, беа повредени многу луѓе и беше предизвикана материјална штета.
Овој земјотрес беше почувствуван во регионот.
Оттогаш, секојдневно се регистрираат помали земјотреси во Хрватска.
Comments are closed for this post.