Новиот мутиран вид на коронавирусот кој за првпат се појави во Велика Британија пристигна во соседна Грција – позитивни се четири лица кои неодамна допатувале од Островот.

Четири од шест позитивни лица кои неодамна допатувале во Грција од Велика Британија се заразени со новата мутација која според научниците е далеку позаразна од изворната верзија на Ковид-19.

Како што пренесуваат грчките медиуми, петмина од нив се грчки, а еден британски државјанин и сите се изолирани и сместени во посебен хотел-карантин во Атина.

Да потсетиме, во Грција се на сила заострени рестриктивни мерки со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот. Во земјата досега се потврдени 133 илјади заразени со коронавирус, а како последица на вирусот починаа 4,402 лица.