Децениите на неконтролираното трошење на војската се виновни за неможноста  Грција да го врати својот долг, анализираат светските агенции

Наместо да воведе дополнителни мерки на штедење за работниците и пензионерите, Грција лансира програма за масовно вооружување.

Вкупниот долг на Грција изнесува околу 320 милијарди долари или 175 отсто од БДП. Грчките кредитори – Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – инсистираат на тоа  владата во Атина да ги намали јавните трошоци. Во реалноста, мерките за штедење само ја фрлаат грчката економија во поголем долг.

Понудата од грчкиот премиер Алексис Ципрас за зголемување на даноците за корпорации, наместо намалување на пензиите беше одбиена од страна на тројката.

За споредба, Грција троши повеќе на армијата отколку повеќето земји на ЕУ. На пример, Германија троши 1,2% од БДП, Италија 1,1%, Холандија 1,2% и Белгија 1,1%.

Некои проценки одат до таму што тврдат  дека оваа земја потроши 150 милијарди долари (половина од сегашниот вкупен долг) за вооружување