Србите во Северна Митровица се собраа пред седиштето на Еулекс за да го кренат гласот против власта во Приштина. Тие бараат итно укинување на таксите за српските производи за да можат да ги набават основните продукти.

„ЕУ отвори очи“, „Не тепаат и не тероризираат“ – пишуваше на транспарентите.

Србите велат дека не сакаат да го плаќаат арачот на Тачи и на Харадинај и дека не ја признаваат владата во Приштина.