Гласањето за локалните избори во Албанија заврши со рекордно низок одзив – само 21,6 отсто од избирачите го искористиле своето право на глас.
Но, и вака нискиолт одзив не беше причина премиерот Еди Рама да обjави „победа на европска Албанија“, односно да истакне дека тие што гласале гласале за иднина, а тие што бојкотирале за минатото.
Опозицијата му порача на премиерот дека бојкотирале околу 80 проценти и оти тоа е волјата на народот.
Централната изборна комисија соопшти дека гласањето поминало без посериозни инциденти, дека се глсало на целата територија, а најголеми проблеми имало во Скадар.
Утре е најавена прес-конференција на посматрачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, а денес шефицата на посматрачката мисија, Одри Гловер, која набљудуваше избори и во Македонија, денес била спречена да влезе на едно избирачко место.
Comments are closed for this post.