Гласачките кутии во Албанија се затворија во 19.00 часот со што заврши гласањето за локалните избори низ државата. Според првичните информации излезноста е многу мала, односно гласале околу 20% од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.

Изборите ги бојкотираше албанската опозиција. Премиерот Еди Рама пак најави прес конференција во 21.00 часот.