Најмалку 30 лица се приведени за време на судирите меѓу грчката полиција и група анархисти во атинската населба Ексархија, каде што пред 10 години беше убиен младиот, Алексис Григоропулос. Анархистите кон полицијата фрлаа со молотови коктели и друга пиротехника, на што полицајците одговорија со солзавец и со водени топови.
We witnessed a police officer beating an handcrafted young men at Exarchia, Athens. #antireport pic.twitter.com/CiCWCxgory
— · Hibai Arbide Aza · (@Hibai_) December 6, 2018
Анархистите поставија блокада на една од улиците во Ексархија од запалени контејнери со смет, со цел да го спречат пристапот на полицијата, а опожарен е и најмалку еден автомобил. При немирите се оштетени повеќе возила и причинета е заначителна материјална штета на околните објекти.
За разбивање на барикадите полицијата употреби водени топови, на што анархистите возвратија со нови молотиви коктели и пиротехника, кои врз возилото цистерна беа фрлани од балконите на околните згради. Засега нема информации за повредени лица при судирите.
#LIVE: Barricades burn in #Exarcheia on 10 Year anniversary of police killing teenager – #Athens #Greece https://t.co/xYbEcY4Ucx
— Unicorn Riot (@UR_Ninja) December 6, 2018
На 6 декември 2008, 15-годишниот Алексис Григоропулос, беше застрелан од полицаец во атинската населба Ексархија. Полицаецот е осуден на доживотна затворска казна.
Comments are closed for this post.