Трудовата инспекција во Црна Гора во текот на минатата година регистрирала 2.122 работници ангажирани „на црно“, а меѓу нив имало и деца.

Станува збор за 1.370 странци и 752 црногорски државјани, а меѓу нив биле и 44 деца.

По преземените мерки, како што се наведува во годишниот извештај на Управата за инспекциски работи, 689 од овие лица засновале работен однос.