На Вељко Беливук му се слошило на денешното судење. Морало да дојде лекарска екипа која за брзо време го опоравила.

-Имаше маица со кратки ракави и елек, пред почетокот на судењето го прегледаа Беливук и пред да влезе судскиот совет разговараа со него најверојатно за да утврдат дали може да остане во судницата и да ги следи судење. Беше видно блед, до себе имаше големо шише со вода, кое повремено го пиеше, воздивнуваше и се фаќаше за глава – објави „Курир.рс“.

За разлика од Беливук, на кој денеска не му беше добро, Миљковиќ бил расположен. Повремено се смееше, нишаше со главата, се обидувал да комуницира со обвинетите Милош Будимир и Карапанџиќ.