На масовните студентски протести во Тирана и повеќе градови низ Албанија, денеска им се приклучија и средношколците.
Илјадници млади со албански, американски и знамиња на ЕУ и бројни транспаренти во нивните раце ги преполнија улиците во Тирана. По минувањето на веќе познатата рута тие се стационираа пред зградата на Министерството за образование, фрлајќи кон неа со јајца.
Владата и објектот на Министерството и околните објекти ги обезбедуваат големи полицски сили, а денеска е ангажирана и специјалната единица „Шќипоњат”. Во споредба со изминатите денови, денеска видно е зголемен бројот на безбедносните сили иако студентските протести досега минаа без инциденти.
Студентите повторно го отфрлија апелот на премиерот Еди Рама да разговараат, доколку сакаат и во парламенот. Протестираат една недела и како што најавија, доколку денеска до 16 часот не им се исполнат барањата ќе почнат штрајк со глад.
Меѓу барањата поставени од студентите, е во управите на унверзитетите да има нивен претставник, подобрување на условите во домовите за сместување, двојно намалување на тарифата за студирање, зголемување на буџетот за високо образование, проверка на потеклото на имотот на професорите.
Под притисок на студентите, претходно, Владата ја укина зголемената тарифа за плаќање изгубена година и за полагање заостани испити.
Comments are closed for this post.