Македонскиот револуционер Гоце Делчев кој деновиве е главна тема во медиумите во Македонија и во Бугарија според историските книги загинал во селото Баница на 4 мај 1903 година.
Тогаш Баница било дел од Отоманската империја, а денеска се наоѓа во северниот дел на Грција. Селото се наоѓа во Серскиот округ. Близу до селото се наоѓа планината Шарлија или Бродска планина како што ја нарекуваат.
По граѓанската војна во Грција и Баница добива ново име и по грчки се вика Кариес. Ова село денеска е речиси напуштено. До него се стигнува преку мост на малата баничка река.
За славното минато говори само црквата Св. Димитрија и камбанаријата во која ретките минувачи оставаат пари. Траги од минатото на селото речиси и да не постојат па тешко е да се утврди каде точно се одиграла битката во која загинал македонскиот великан
Comments are closed for this post.