Сараево денеска го одбележува денот во кој се сеќава на сите загинати граѓани во војната во 1992 до 1995 година и 25 годишнина од страдањето на 68. граѓани на пазарот „Маркале“.
На комеморативната активност по тој повод, откако беше интонирана химната на БиХ, со минута молк им беше оддадена чест на жртвите.
„Многу е важно сите генерации кои ја паметат агресијата врз БиХ да го одбележуваат овој ден во сеќавање на сите кои настрадале. Мислам дека податокот од 11.000 загинати граѓани, од кои 1600 деца, говори за бруталнота на нападот врз БиХ, на нејзиниот суверенитет“ рече во обраќањето Богиќ Богичевиќ, некогашен член на Престседателството на СФРЈ.
Според Богичевиќ, тогашниот белградскиот режим, на чело со Слободан Милошевиќ а во име на српскиот народ и ЈНА, ги испишал најцрните страници од историјата на БиХ, масовно сеејќи смрт и рушејќи го градот Сараево.
По комеморацијата, кај спомен-облежјето на загинатите сараевчани во првиот од двата масакри на пазарот „Маркале“, кој се случи на 5 февруари 1994 година, беа положени сцвеќиња.
Тој трагичен ден животот го загубија 68, а ранети беа повеќе од 140 лица.
Првиот од двата масакри на пазарот Маркале, во самиот центар на Сараево се случи на 5.февруари 1994 година помеѓу 12.10 и 12.20 часот кога минофрлачки проектил со калибар 120 милиметри истрелан од позициите на Војската на Република Српска, на подрачјето на селото Мирковичи, падна на преполн градски пазар.
Најфреквентниот сараевски пазар Маркале и за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година беше едно од местата за снабдување на жителите во опколениот град. На тоа место се одвиваше трговија на прехрамбени производи и сето она што на било кој начин можеше да им послужи на граѓаните на Сараево да ги преживеаат тешките воени денови, вклучувајќи и размена на информации.
Comments are closed for this post.