Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ги повика ветераните од ХОС (паравоени хрватски сили 1991-1993) да не го употребуваат усташкиот поздрав „За дом спремни”, кој, како што рече, го оцрнува нивниот став кон одбраната на Татковината и сè што дадоа во тој период како партиска милиција.
Тоа е молба, не можам да ги спречам. Во секоја ситуација ќе покажам јасен став за тоа, рече Милановиќ.
Тој неодамна ја напушти комеморацијата на годишнината од воено-полициската операција „Масленица” во Задар, поради присуството на членови на ХОС чиј грб исто така го вклучува и усташкиот поздрав.
Минатата година, Милановиќ ја напушти комеморацијата на годишнината од воено-полициската операција Блесок, кога членовите на ХОС се појавија пред споменикот со маици со натпис „За дом спремни”.
Јас ќе ја искористам оваа можност да ги замолам луѓето од ХОС да не го прават тоа повеќе. Бидејќи тој поздрав е нацистички поздрав и само го валка нивниот придонес во одбраната на Татковината и сè што дадоа во тој период како партиска милиција, наведе Миленовиќ откако заедно со претседателот на Парламентот и вицепремиерот Гордан Јандроковиќ и Борис Милошевиќ, положија венец на Споменикот на жртвите на Холокаустот на загрепските гробишта Мирогој.
Милановиќ исто така рече дека зборувал многу и тоа многу јасно за тој усташки поздрав.
Нека преземат сега оние што можат да променат нешто, а тоа е претставничкото тело, рече шефот на хрватската држава, посочувајќи ја Германија како пример.
Зборувајќи за Холокаустот, Милановиќ рече дека станува збор за „човечки и морален идиотизам“.
Нацистите имаа свои помагачи и во Хрватска. Тоа не се случи далеку во руските степи, туку и кај нас. Јас како Хрват сум свесен дека тоа се случувало и меѓу мојот народ, се случувало и овде во Хрватска, рече Милановиќ.
Тој уште потенцираше дека е важно децата да се образуваат за тоа што се случило и за тоа колку е лесно баналноста на човековото зло да се разгори во човекот или во група луѓе.
Comments are closed for this post.