Причината за страшното невреме на Халкидики денес го објасни метеорологот Јанис Калианос. Тој потенцира дека „се знаеше дека ќе има невреме во среда“, но никој не можеше да предвиди дека тоа ќе има трагични последици, дека ќе загинат луѓе и ќе се соочиме со катастрофа.
Што беше причината за ова смртоносно невреме?
Интензивниот временски феномен го предизвикаа два фронта кои се судрија, така ладниот воздух од Балканот се судри со топлиот над Грција“, изјави Калианос.
Тој додаде дека судирот на двата фронта бил многу силен и тоа резултирало со обилни врнежи, предизвикувајќи поплави и силен ветер.
Comments are closed for this post.