Албанскиот претседател, Илир Мета, кој присуствуваше на ифтарската вечера, организирана од муслиманската заедница во Албанија, на социјалните мрежи објави фотографија на која, како што напиша, „овековечен е посебен миг меѓу претставниците на албанските верски заедници“.
Според Мета, тоа е уште една потврда за верската хармонија која владее, не само меѓу верските старешини, туку и меѓу населението во неговата земја, што е пример што треба да се следи во целиот свет.
Почестен сум што присуствував на ифтар вечерата, организирана од муслиманската заедница во Албанија, да ја споделам со Хаџи Бујар Спахиу и другите верски лидери, почитта кон Светиот месец Рамазан и мојата длабока почит кон сите албански верници за нивната посветеност на Божјата татковина. Честит Свет месец Рамазан. Лесен и благословен пост – напиша на фејсбук претседателот Мета.
I nderuar të merrja pjesë sot në darkën e iftarit, të organizuar nga Komuniteti Mysliman i Shqipërisë, për të ndarë së…
Posted by Ilir Meta on Monday, May 6, 2019
Првите луѓе на верските заедници во Албанија, пак, муслиманската, православната, католичката и бектешката, po средбата одржана на тема „Религијата во општеството – албански модел“, упатија заеднички апел верската хармонија да се пренесе како вредност на идните генерации.
Дијалогот и толеранцијата и дадоа на Албанија една од најскапоцените вредности, верскиот соживот. Но, за да се пренесе оваа вредност на генерациите, треба да се зајакне меѓуверскатра соработка и да се осуди секоја форма што ја загрозува верската хармонија по која е препознатлива Албанија се наведува во пораката.
Comments are closed for this post.