План во три чекори предвидува германска канцеларка Ангела Меркел. Како што пишува „Република.рс“, Меркел е против поделба на Косово бидејќи тоа ќе ја отвори Пандорината кутија на Балканот.

Затоа таа сака Косово да се решава во три чекори и тоа во период од 20 години.

Првата фаза би била автономија за Северот каде што живеат Срби. Тоа би значело дека тие би биле во рамките на Косово но со висок степен на автономија. Втората фаза би била специјален статус, а во третата и последна фаза во која Србите на референдум би одлучиле во која држава би сакале да живеат