Маж со калашников се обидел да спречи гласање во Драч на локалните избори. Се работи за Рамиз Баканачи кој искршил неколку гласачки кутии, а полицијата го привела, објави albeu.com.

Во Албанија денеска се одржуваат локални избори, кои се бојкотирани од страна на опозицијата, па така на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владејачката партија на Еди Рама.