Инциденти се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот во Атина организиран против Договорот од Преспа, јави дописникот на МИА од Атина.
Група маскирани лица со грчки знамиња веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.
Тие, како што јави дописникот на МИА од Атина, со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои
Comments are closed for this post.