Со нож, од засега непознати причини, 15-годишен бегалец од Авганистан без придружба нападнал негови врсници во прифатниот центар на грчкиот остров Лезбос, при што усмртил еден, а повредил двајца од нив. Еден од повредените е во сериозна состојба.
Според грчките медиуми, инцидентот се случил синоќа кусо по 23 часот во делот за прием на малолетни лица без придружба што е во склоп на центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти во Морија на Лезбос.
Според грчките медиуми инцидентот се случил во т.н. заштитена зона, каде што се сместени малолетните бегалци и мигранти без придружба, а нивната бројка е тројно поголема од капацитетот на центарот. Во конкретниот дел наменет за 160 лица има над 600 малолетници.
Comments are closed for this post.