Претседателот на Франција на 16 јули ќе дојде во Белград за да го поддржи планот за разграничување со Косово, пишуваат српските медиуми.

Планот на Макрон содржи три точки, и тоа разграничувае, мирна разрешница и воена и економска соработка. Макрон и Вучиќ ќе имаат средба во четири очи по што ќе биде појасно кој е официјалниот став за косовското прашање.

Претохдно, двајцата претседатели ќе се сретнат во Париз на средба на која ќе присуствува и Ангела Меркел но и косовските лидери Тачи и Харадинај.