Јовица Вукотиќ кому македонското МВР му издаде пасош на име Георги Андонов е убиен во Истанбул.

Тој се товареше за обид за убиство на сопругата на водачот на соперничкиот клан, Тамара Звицер. Со Кавачкиот клан се во „војна“ повеќ е од десет години, откако во Валенсија во 2014 година изчезнаа 300 килограми кокаин.

 

Тој беше екстрадиран од Србија во Црна Гора на 8 февруари, кој го бараше да спроведе кривична постапка пред Високиот суд во Подгорица за тешки обиди за убиство и недозволено поседување оружје. Но, Вукотиќ го напушти затворот Спуж откако му беше укинат притворот.

Вукотиќ со невенчаната сопруга Маша Мишиќ имаше две деца. На Маша и се губи секаква трага откако во 2019 година неколкумина противници на нејзниот сопруг ја пресретнале пред затворот преправајќи дека се полицајци.

Тие сакале да и подметнат цијанид во храната што ја носела за Јован.

Јован Вукотиќ беше е во врска со Дејана Живковиќ една од најзгодните манекенки во Србија. Дејана пред Јован беше во врска со босанскиот тенисер Дамир Џумхур, а сега е мажена и има дете.