Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.

Полесно повредени се 10 до15 патници, пренесува „Индекс“, додавајќи дека осум лица се пренесени во болницата во Нова Градишка.