Српската докторка Виолета Скоробач која пред неколку дена си го одзеде животот не престанува да ја интересира јавноста.

Медиумите во Белград шпекулираат дека таа можеби е убиена. Како можна причина наведуваат дека според официјалната информација од полицијата, таа два пати со нож се прободела во срцето. Тие прашуваат како е можно да си нанесе и втор удар во ситуација кога крв шикнала на сите страни и веднаш атрофираат виталните функции.

Но, и покрај тоа, синот на Вилолета преку весник со емотивна порака се прости од мајка си.

 

Сета твоја сила и добрина ќе живее низ мене. Најди го својот мир и утеха а јас ќе настојувам да доликувам најмогу што можам. Ти си моја инспирација, мајка што ме роди и ќе бидеш нераскинлив дел од мене. Моја водилко, мое сонце, моја мајко секогаш ќе те сакам-напиша Андреј во некрологот.