Момчето убиец кој на 3 мај минатата година го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска, како што пишува Блиц, ја обвинил мајка му Милијана Кецмановиќ за направениот масакр.
Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Поради тоа што постојано бараше повеќе од мене, се лутев и викав на неа. Тоа нејзино однесување влијаеше да го направам, тоа што го направив. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше тоа да го направам – изјавил малолетниот Коста во Специјалниот суд во Белград.
Comments are closed for this post.