Лидерката на БСО, Корнелија Нинова, поднесе оставка пред Националниот совет на партијата. Тоа се случило веднаш по почетокот на заседанието, јавуваат бугарските медиуми. Нинова посочила дека со тоа презема одговорноста за второто место на левицата на изборите за Европскиот парламент.

Во демократски партии и во правна држава, во модерното општество, одговорноста секогаш ја носи претседателот. Затоа јас ја преземам целата одговорност за изгубените избори. Поднесувам оставка како претседател на БСП, изјавила Нинова.

Нинова предложила одржување партиски конгрес, но со скратени рокови-во рок од 15 дена, на кој ќе биде констатирана оставката и ќе започне процедура за избор на нов лидер. Според неа, тоа е неопходно за да може новиот лидер да биде познат до крајот на јули и од август БСП да се концентрира на кампањата за локалните избори. Оставката на лидерката на левицата ги изненади и опонентите и нејзините приврзаници во партијата.