Вчера во Белград сведоше Милорад Улемек-Легија, осуден за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Весникот „Блиц“ направи фото робот од судницата кои верно покажуваат како изгледа Легија сега, седум години од последното појавување на суд.

Легија дојде облечен во сив дуксер, остаре, со брчки на лицето проќелав и бакенбари, но ја задржал истата препознатлива фризура, структура на телото и однесување.