Милорад Луковиќ Легија, поранешниот командант на Единиците за специјални операции  и првообвинет за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ се криел со лажен хрватски пасош.

Легија беше во бегство, патуваше со лажен пасош, дури и го користеше лажниот идентитет на Владо Вукомановиќ , иако поседуваше српски дипломатски пасош.

Непрепознатлив поради изменетиот изглед, Легија се предаде во ноќта на 2 мај 2004 година. Неговата фризура, со коса до половина до грбот и брада до градите, предизвика шок кај сведоците, кои рекле дека немаше да го препознаат доколку го сретнеле на улица.