Воениот аналитичар Мирослав Лазански разочарано нагласува дека меѓународното право веќе не постои и дека тоа најдобро се гледа на случајот со Косово каде Резолуција 1244 на Обединетите нации е прегазена и исмеана.

-Резолуцијата постои само уште во нашата перцепција за Косово. Колку и да звучи непријатно стратегијата на ОН за Косово пропадна, мултиетничкото друштво на Косово е илузија. Западот свесно го игнорираше статусот на јужната српска покраина а Србија и понатаму е понижувана без разлика на демократските промени. Западот и САД бараат од Србија да клекне и да изврши еутаназаија.