Шпанскиот новинар Дејвид Бериан, шпански новинар, добил дозвола да влезе во срцето на албанската мафија и од нивните водачи да дознае како таа функционира. Тој изготвил и документарен филм, наречен „Албанија, мафија и освета“.

Во документарецот тој тврди дека оваа мафија ја снабдува цела Европа со марихуана, кокаин, хероин и со оружје.

Дрогата се криумчари преку два правци, копнена која води преку северните земји и морски преку Италија од каде шверцот се врши и сред бел ден.

Дрогата во Италија се носи во кутии од 5 килограми, а Капо е наречен еден од клановите на мафијата.

За да се стане член на Албанската мафија треба да се стекне доверба кај водачите а тоа воопшто не е лесно.

Еден од водачите, наречен Лоба со години живее во планина на северот на земјата и никој не може да му пријде.Исто така, меѓу самите кланови е присутна крвната освета па затоа имаат меѓусебен договор за неубивање.