Косовскиот премиер Албин Курти ја поздрави вчерашната резолуција на Европскиот парламент за развојот на настаните во дијалогот меѓу Косово и Србија и за ситуацијата на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во синоќешната објава на неговата страница на платформата „Х“, Курти го нагласи повикот на Европскиот парламент за јакнење на безбедноста во Косово и барањето упатено до Србија да престане да ги поддржува терористичките групи.
– Помеѓу другите мерки, таа (резолуцијата) повикува на зголемена безбедност на Косово и бара од Србија да избегне било каква понатамошна ескалација, да престане со секаква поддршка за терористичките формации и да ги повлече сите свои оперативни воени бази долж границата, напиша Курти.
Европскиот парламент, потсетува Курти во неговата објава на „Х“, исто така, „ги повика петте земји на ЕУ кои не го признаваат Косово да го направат тоа, ја охрабрува Европската Комисија да го прекине финансирањето на Србија доколку не соработува и ги повикува српските власти да се воздржат од ширење на говор на омраза против Косоварите и… на лажни информации за наводно ‘етничко чистење
Comments are closed for this post.