Соопштение без преседан е објавено од лидер на грчка партија поврзано со убиството на етничкиот Грк во Албанија пред некоплку дена. Лидерот на Нова десница, Филиос Кранидиотис, рече дека како одмазда за убиството на Константин Кацифас грчката авијација треба да ја бомабрдира Албанија.

„Грчките воздушни сили мора да ја срамнат со земја командата и кампот на спеицјалните албански поициски сили. Да не остават камен на камен и да ги убијат убијците на Константин Кацифас“, бара Кранидиотис.

Тој потенцираше дека е тоа единствениот начин премиерот Еди Рама и бандите да се спрват со безбедносните сили и да ја примат пораката.