Во дворот на семејната куќа во Пожаревац беше погребана Мира Марковиќ која почина пред неколку денови во Москва. Поранешната прва дама на Србија ќе почива покрај својот сопруг Слободан Милошевиќ што беше и нејзин аманет до семејството.

Пред многу почитувачи на нејзиното дело беше спуштена урната која ја држеше поранешниот сопруг на нејзината ќерка Марија која не дојде бидејќи живее во Црна Гора, а не поседува никакви документи.

Не дојде ниту синот Марко кој живее во Русија.Таму беше единствено внукот кој исто така се вика Марко. Бидејќи Мира беше атеист не беше погребана со верски обичаи и врз нејзиниот гроб не стои крст туку пирамида