Коста Кецмановиќ на лекарите во болницата им рекол дека  планира да оди на скијање во странство.Тој дури се пожалил дека му треба нова ски опрема бидејќи старата ја израснал.

Тој секојдневно повторува дека е прашање на време кога ќе излезе од болница и дека е чудно што сè уште нема снег бидејќи планира да оди на скијање.

Разбрал дека  Алпите се покриени со снег и оти таму ќе оди затоа што не му се чека да падне снег во Србија, пишува „Република.рс“.