Азем Куртај од Косовските безбедносни сили, кој во јануари рани двајца млади Срби од Готовуша, со одлука на судот во Урошевац е ослободен од затвор.

Како што дознава Танјуг, неговиот предмет е во Апелациониот суд, каде дури се разгледува и отфрлање на обвинението.

Двајца млади Срби, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), се ранети на Божик во Готовуша, кај Штрпце, кога Куртај пукал во нив од возило во движење.

Ги застрелал со пиштол додека го носеле Бадниковото дрво.