Заменик министерот за внатрешни работи Изми Зека потврди дека во понеделникот приштинските власти одново поднеле барање за членство во Интерпол.
Радиот телевизија Косово пренесува дека Зека за програмата на Радио Слободна Европа на албански јазик изјавил дека барањето е поднесено на 31 јануари годинава.
„Интерпол исто така потврди дека го примиле барањето на Косово. Сега на ред се техничките прашања и политичките аспекти кои Косово треба да ги заврши во склад со своите дипломатски обврски, така да кога ќе се одржи седница на Интерпол, тогаш ќе ја видиме ситуацијата и како тоа ќе оди. Меѓутоа, веруваме дека оваа година ќе има повеќе ангажирање Косово да стане рамнопрвно со сите други држави и дека ќе има директен пристап до Интерпол“, изјави Зека.
Кон крајот на ноември минатата година, ниту во третиот обид Косово не успеа да стане дел од меѓународната полициска организација Интерпол. За неуспехот, Приштина го обвини Белград кој водел како што рече дива кампања.
Тогаш, за разлика од Косово, Кирибати и Вануату станаа нови членки на Интерпол.
Comments are closed for this post.