Под мотото „Заедно за развој“ денеска во косовскиот град Пеќ ќе се одржи заедничка седница на владите на Косово и на Албанија. На неа се очекува да бидат прецизирани деталите за укинување на границите меѓу двете земји.

Според најавата, главните одлуки кои се очекува да бидат донесени на оваа седница ќе бидат укинување на роамингот и обединување на царините на двете земји.

Церемонијата на пречекот на членовите на албанската Влада ќе се одржи во 10:15 часот, а седницата ќе се затвори со заедничка прес-конференција на премиерот на Косово Рамуш Харадинај и на Албанија, Еди Рама, во 12:30 часот.