По гласањето за распуштање на собранието на Косово и почнување на процесот за предвремени избори, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет, оцени дека одлуката што ја изгласале косовските народни избраници претставува значаен чекор кон формирањето нова влада.
Коснет преку објава на Твитер изрази очекување дека во изборната кампања која ќе следува, кандидатите за пратеници ќе настапат со нови идеи за преговорите со Србија, владеењето на правото и за економскиот равој на Косово.
Собранието презеде значаен чекор кон формирање нова Влада. Една кампања во која кандидатите ќе понудат нови идеи за преговорите со Србија, владеењето на правото и економскиот развој ќе дадат гаранција дека Косово нема да изгуби уште повеќе време за изградба на темели за иднината – порача Коснет.
The Assembly has taken an important step toward creating a new government. A campaign in which candidates offer fresh ideas on talks with Serbia, rule of law, and economic development would ensure Kosovo does not lose even more time in building a foundation for the future.
— Ambassador Philip S. Kosnett (@USAmbKosovo) August 22, 2019
Косовското собрание донесе одлука за самораспуштање, по што претседателот на државата Хашим Тачи треба да го прогласи датумот на предвремените избори. Повикувајќи се на извори од кабинетот на Тачи, медиумите објавија дека тој планира да ги закаже изборите за 6 октомври, а одлуката ќе ја објави утре или најдоцна в понеделник, на 26 август.
Comments are closed for this post.