Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ќе предложи да се воведе највисоко одликување Фрањо Туѓман кое би им се доделувало на хрватските државјани како израз на највисоко државно признание за промовирање национално единство.
Ова признание ќе биде во редот на највисоките кои ги доделува Хрватска. До сега такви одликувања во Хрватска има четири, Крал Томислав, Кралица Јелена, Крал Петар Крешимир и Дмитар Звонимир.
Како што прернесува „Вечерњи лист“ ова одликување би им се доделувало на високите воени чиновници, верските поглавари, државните институции и воените установи за посебни заслуги во изградбата, промоцијата и заштитата на хрватските национални интереси и за важен придонес во развојот на хрватската државотворна мисла.
Comments are closed for this post.