Батеријска киселина и метамфетамин се состојките на дрогата „сиса“ која ја викаат „кокаин за сиромашни“. Смртоносната мешавина се шири низ Грција бидејќи е евтина.

Кој во Грција себе си не може да си дозволи кокаин или хероин се почесто ја купува евтината дрога сиса. Наркоманите дрогата ја пушат во стаклено луле или дури ја вбризгуваат во вена. Доза чини евро или две. Проиводството е едноставно, а состојките достапни.

Сиса е врста на кристал мет, но е направена од нечисти состојки. Моторно масло, батеријска ило сулфурна киселина се состојките од мешавината. Евтини се и лесно е да се набават. Така нстанува смртоносната смеса.

Несаканите последици се предизвикани од дополнителните состојки, вели Норберт Водарк, кој ја проучува зависноста од наркотикот на Универзитетската клиника во Регенсбург.

Вели дека сето тоа ѓубре кое се меша во новата дрога е одговорно за токсичното дејство, но и дека тоа е прашање на цената бидејќи цената на чистата дрога би чинела многу повеќе.

Многу од оние кои ја земаат новата дрога зачекоруваат директно во смрт.

Проценките се дека со конзумирањето на „сиса“ може да се преживее најмногу година дена, објаснува Водарк.

Но, непоправливи оштетувања во организмот дрогата предизвикува многу порано.

Организмот веќе не е во состојба да произведува слуз. Забите се расипуваат и губат многу брзо. На телото може да се развијат апсцеси кои се развиваат во инфекции. Гној се собира во внатрешноста на органите, кои во најлош случај едноставно скапуваат, вели Водарк.

Проблемот не е од вчера. Првите извештаи датираат од 2010 и 2011 година, додава Водарк. Во тоа време се случило и нагло зголемување на заразени од ХИВ вирусот. Тоа се последица на интравенозното земање на синтетичката дррога, се присетува медицинскиот стручњак за болести од зависности.