Премиерот на Албанија Еди Рама во интервју за телевизијата „Репорт“ изјави дека е подготвен за разговори со опозицијата  но оти нема да чека долго.

Кој сака да ме има и мене на маса, јас сум подготвен, каде било, па и во седиштето на ПД. Ако таму се одржува средбата, јас ќе одам, немам проблем. Не е во прашање местото, форматот или наметнување на агенда, ако тие се спокојни со часовникот кој покажува 12, тоа е нивна работа, мојот часовник ита, рече Рама.

Но, она што изненади е што Рама се врати на стариот „кежуал“ стил на облекување со тренерки и патики.