Деновиве хрватските верници испратија многу критики до Папата Франциск поради неговиот однос кон хрватскиот кардинал Алојзе Степинац кој бил актуелен пред и по завршувањето на Втората светска војна.

Тој бил загребски надбискуп и кардина кого југословенскиот суд го осудил како воен злосторник во 1946 година поради соработка со усташите. Тој целиот живот го поминал во куќен притвор и починач во 1960 година.

Степинац давал гласна подршка за НДХ која постоела за време на војната и која била одговорна за уништувањето на Србите и Ромите во Јасеновац.

Хрватска бара од Папата Франциск тој да биде прогласен за светет но првиот човек одбива поради неговото неразјаснето минато. Тој е прогласен за блажен, што е еден чекор кон целосна канонизација.

Франциск пред неколку денови изјави дека разговарал со српскиот патријарх Иринеј и побара совет и инфорации за случајот Степинац што уште повеќе ги разгневи Хрватите.