Зоран Ускоковиќ Сколе, чии син беше убиен пред неколку денови се смета дека е организатор на убиството на Аркан иако тоа никогаш не беше докажано.

Сколе и Аркан биле пријатели и бизнис партнери. Се претпоставува дека односите им се нарушиле околу трансферот на фудбалерот Никола Лазетиќ во Фенербахче.

Еден од лицата кои се во затвор за убиството на Аркан потврди дека на 15 јануари 2000 година цело време бил во контакт со Сколе. Гаги тврди дека Сколе кој се наоѓал во Германија во тој момент им наредил да одат во хотелот Интерконтинентал и да го убијат Аркан.

Сколе тоа го демантирал и велел дека дури и изразил сочуство на Цеца. Но, луѓето на Аркан не му поверуваа и го ирешетаа неколку месеци подоцна во класична „сачекуша“ низ улиците во Белград.