Патријархот Порфириј ќе остане вечно запишан како човекот кој го реши 60 годишниот спор меѓу Српската и Македонската православна црква. Но, малкумина знаат кој е овој великодостојник.
Тој на чело на српската црква дојде пред само една година а претходно беше митрополит Загрепско-љубљански.Има 61 година, роден е во Бечеј и неговото крштено име е Првослав Периќ.
Замонашен е од Иринеј Буловиќ во манастирот Високи Дечани.
Дипломирал на Православниот богословски факултет во Белград во 1986 година, кога епископот Рашко-Призрен, а подоцна и српскиот патријарх Павле, го ракополагаат во чин јероѓакон во манастирот Света Троица во Мушутиште. Зборува грчки, англиски, руски и германски јазик.
Comments are closed for this post.