Креаторот на Преспанскиот договор, поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Козијас, денес на економскиот форум во Делфи Северна Македонија ја нарече едноставно – Македонија. Ова веднаш предизвика бура од реакции.
Од неговиот говор има и видео кое е поставено на Твитер и на кое јасно се слуша како ја ословува Северна Македонија.
Во Европската унија ние сме мала или средно голема земја. Но на Балканот ние сме многу силна земја. Ова е парадоксот на моќта. На пример Бугарија има БДП од 42 милијарди, Албанија има 11, потоа, Македонија имаше 8-9, а сега 10-11. И покрај кризата ние имаме 190 милијарди…Тоа е двојно повеќе отколку што тие имаат заедно“, рече Коѕијас.
Сепак, поранешниот министер уште еднаш кажа дека „во наш интерес беше да најдеме решение за Македонија затоа што за неа трошиме дипломатски средства.
Ο διαπραγματευτής της συνθήκης των Πρεσπών.
Ο Κοτζιάς αποκαλεί σκέτο “Μακεδονία” τα Σκόπια pic.twitter.com/iz0hVlYD1z— Ομάδα Αλήθειας (@omadaalithias) March 1, 2019
Comments are closed for this post.