Ќерката на Слободан Милошевиќ, Марија за првпат реши да проговори за она што нејзиното семејство го преживеало откако паднале од власт.

Таа е огорчена од третманот што таткото го имал и за тоа што бил излажан дека нема да биде екстрадиран во Хаг. Таа дури била и против тој да биде погребан во Србија.

Не сакав тој да биде погребан во дворот на семејната куќа во Пожаревац. Никој од нас ни жив ни мртов не треба да биде во Србија. Има една латинска поговорка која вели „Неблагодарна татковино – не ги заслужуваш ни моите коски“ – изјави Марија, која живее во Црна Гора.