Невладиниот бугарски Институт за безбедност на патиштата задолжи меѓународен ревизор да изврши непристрасна стручна проверка на состојбата на патиштата пред тешката несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 македонски државјани.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, при увидот констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. На подрачјето на сообраќајната несреќа се случиле бројни несреќи при што биле оштетени заштитните огради. Во овој случај, имало повторно инсталирање на објектот во средната разделна лента. Од Институтот за безбедност на патиштата сугерираат дека на истото подрачје можеби имало и претходна сообраќајна несреќа. Приклучокот на заштитната ограда бил неправилно монтиран со две наместо со четири завртки, како што требало. Ова е, наведуваат, причината поради која заштитната ограда се скинала и покрај малата брзина со која удрил автобусот.
-Кобната делница на „Струма“ е пуштена во употреба пред 20 години без Акт 16. Утврдено е и дека недостасуваат знаци и дека има оштетени ознаки. Испратен е извештај и до Агенцијата за патна инфраструктура, а оваа информација треба да биде проверена од истражните органи на Бугарија, велат од невладината организација
Comments are closed for this post.